Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи од Охрид го лансираше новиот Б6 формат

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа во Охрид, под мотото: „Мудро е да имаш добри односи со соседите, но вистинска победа е да ги имаш за пријатели“, ја лансираше новата регионална иницијатива „Б6“ и беше домаќин на првата неформална вечера на министрите за надворешни работи од регионот и нивните претставници.

„Намерата да се воспостави неформален „Б6“ формат на состаноци на министрите одговорни за надворешни работи беше за да се придонесе кон продлабочување на соработката и врските меѓу нас во областите на европската интеграција и областите од заеднички интерес. За да можеме да ги искористиме придобивките од засилениот политички дијалог меѓу ЕУ и ЗБ, ќе треба да ја интензивираме нашата меѓусебна координација за клучните области од заеднички регионален интерес“, истакна Османи.

Останатите министри и учесници го поздравија формирањето на форматот Б6, карактеризирајќи го како корисна рамка за нивна меѓусебна координација. Беше заклучено, да се состануваат неформално во редовни интервали – барем еднаш во семестар, стремејќи се да зборуваат со еден глас како регион наспроти ЕУ.

Османи, го иницираше отпочнувањето на неформалната платформа за политичка соработка– Балкан 6 (Б6), во формат на министри за надворешни работи, со цел продлабочување на соработката и врските меѓу земјите од регионот во области од заеднички интерес. Состанок, кој треба да прерасне во форум за поедноставна, брза и непосредна комуникација на министрите за надворешни од регионот ќе биде налик на сличните форуми во рамките на европските земји, како што се Ц5 или В4.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК