Centar.mk
КУЛТУРА

„Последната лента на Крап“ на 26 јуни ќе учествува на 22. Интернационаленфестивал на монодрама во Битола

Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, на 26 јуни 2021 год. ќе земе учество на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола.

Монодрамата е во продукција на Ѓорѓи Јолевски во копродукција со Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Ова е претстава за изолацијата и стареењето, за кревкоста на сеќавањето, за нашиот комплексен однос со технологијата, за свет во кој времето неповратно минува и бројните ограничувања со кои нѐ соочува животот. Претстава за еден осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти.

Отворањето на фестивалот е на 22 јуни во Народниот театар во Битола, фестивалската програма ќе трае од 22 до 27 јуни и ќе учествуваат десет монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, а изведбата на „Последната лента на Крап“ ќе се одржи во Центарот за култура, Битола на 26 јуни со почеток во 22:00.

Можеби ќе ве интересира

Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица“

ДЕСК

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК