Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија АД“ информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат одредени делови од главниот град.

Според информации од „ЕВН Македонија“ во периодот од 07.30 до 15.30 часот, без струја ќе бидат објектите лоцирани во индустриската зона Марино, Гранд Експорт, Текспорт, Хавел, Тосама Трејд, Розенберг, Пламтекс, Метал Солушн, Монмар, стамбените објекти на Унија Клуб со околните куќи, објектот на Два Брата Градители лоциран на ул.534, објектите на КАМ Маркет, Спортската сала, модуларното училиште и градинката, како и корисниците од улиците бр.501, 502, 503, 505, 506, 508, 509, 510, 517, 526, 528, 529, 531, 532, 533, 534, 535 и 537 од општина Илинден.

Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 163 и ул. 164 во населба Крњево, општина Центар.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците Филип Кљајиќ и Малешевска општина Кисела Вода.

Безнапонска состојба во периодот од 09.00 до 14.00 часот и за корисниците од улиците Корушка и Драгутин Аврамовски Гуте, како и дел од корисниците од ул. Иван Цанкар во општина Ѓорче Петров.

А во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од ул. Сердарот како и дел од корисниците од ул. Нагоричанска во општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. Букурешка од бр.30 до бр.57 во општина Карпош.

Можеби ќе ве интересира

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

ДЕСК