Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца ранети донесени во болница – МВР истражува за инцидентот

На 16.06.2021 во СВР Скопје од полициски службеници во полициска станица биле приведени М.А, М.С.(35) од с.Страчинци и Н.Џ.(27) од с.Арачиново, постапувајќи по пријава според која околу 02.00 часот, по претходна расправија, во с.Арачиново, скопско, М.А.(31) од с.Страчинци, скопско, испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) од с.Арачиново, скопско, поради долг што го имал Б.А. кон него.

Подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А..

Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите.

Во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

145 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ ЗА НЕПРОПИСНО ПРЕСТИГНУВАЊЕ – Полицијата открила уште 271 сообраќаен прекршок

ДЕСК

20 ГОДИНИ АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ – Денеска свеченост со претставници на правосудството и ЕУ

ДЕСК

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА – На 17 ноември 1991 година беа поставени темелите на државното уредување

ДЕСК