Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа на патот Берово-Делчево: Едно лице повредено

Четириесет и петгодишно лице од пехчевското село Панчарево е повредено откако со своето возило излетало од регионалниот пат Берово – Делчево, кај селото Стар Истевник. Случајот го потврдија од делчевската полиција.

– На 15.06.2021 во 17:30 часот во полициската станица во Делчево е пријавена сообраќајна несреќа на возило „форд“ со штипски регистерски таблички. Во несреќата со повреди се здобил возачот И.Д (45) од село Панчарево. Повредите настанале по излетувањето на возилото од коловозот на регионалниот патен правец Берово – Делчево кај делчевското село Стар Истевник, известија од полицијата во Делчево.

По несреќата извршен е увид од страна на полициски екипи од Делчево, а повредениот со возило на Брза помош е транспортиран до Клиничка болница Штип на понатамошен третман.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА АВТОПАТОТ – Уапсен државјанин на Египет осомничен за кражба во Охрид

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање на Филипче

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Булевар Борис Трајковски и клучката Момин Поток во завршница, забрзано се работи на ставање во функција на булевар Македонија и првата подземна сообраќајница

ДЕСК