Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред МНР

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира од 17 часот до 19 часот пред Министерството за надворешни работи.

Од партијата соопштија дека протестот ќе се одржи под мотото „Доста е, излези за Македонија“ и ќе биде против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

ВМРО-ДПМНЕ минатата недела протестираше со блокирање на крстосници во Скопје и во уште неколку градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД – Повеќе лица физички се пресметале, па избегале од местото

ДЕСК

СОСЕДСКА ПРЕСМЕТКА КАЈ БИТ ПАЗАР – 35-годишна жена пријавила напад од две соседки

ДЕСК

НАПАД ВО ГАЗИ БАБА – 18-годишник пријавил дека бил физички нападнат од лице од Куманово

ДЕСК