Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гостиварец обвинет за употреба на фалсификуван резултат од ПЦР тест на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице од гостиварското село Сенокос за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

На 17 март, 36-годишниот обвинет се обидел да ја напушти државата преку Меѓународниот аеродром Скопје, употребувајќи фалсификуван медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал и дека таков сертификат не е издаден од наведената болница, тој исправата ја употребил како вистинита пред аеродромските служби.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог со кој предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК