Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Филипс“ повлекува дел од респираторите поради опасност за здравјето

Производителот на медицински помагала во Холандија, „Филипс“, објави дека ќе повлече дел од респираторите поради опасност од распаѓање на пената во ситни токсични честички што може да предизвикаат рак.

Пената се користи за придушување на звукот на уредот и може да се распадне во честички што лесно се вдишуваат и ги иритираат дишните патишта, се вели во соопштението на компанијата.

Пената се распаѓа и формира гасови, кои исто така може да бидат токсични и вклучуваат ризик од рак, се додава во соопштението.

Компанијата ќе повлече помеѓу три и четири милиони респиратори и апарати за помош при дишење во случај на апнеја при спиење, изјави извршниот директор на „Филипс“, Франс ван Хаутен.

„Филипс“ во својот деловен извештај за првиот квартал објави дека издвоил 250 милиони евра за решавање на проблемот, а сега планира да издвои уште 250 милиони.

„Ќе ги искористиме сите наши капацитети и ќе се фокусираме единствено на замена и поправка на овие уреди“, рече Ван Хаутен додавајќи дека за нив, веројатно, ќе треба една година.

Затоа нема да можеме да им служиме на нови клиенти, „така ќе има недостиг во областа“, додаде шефот на холандската компанија.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК