Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Навиваме за голови, навиваме за победа

Премиерот Зоран Заев им даде поддршка на македонските фудбалски репрезентативци во пресрет на деби натпреварот на Европското првенство против Австрија.

-Со пласманот на #ЕУРО2020 вие веќе ја испишавте најсветлата страница од историјата на македонскиот фудбал, но јас сум убеден дека деновиве ќе испишете и нови успеси. Навиваме за голови, за победа, но пред сѐ навиваме и за овој досегашен македонски успех. Навиваме за ова ваше и наше време! Велат дека фудбалот е најважната споредна работа на светот, но вие во нашите очи во моментов сте главната работа на светот, најважната македонска иницијатива, напиша Заев на Фејсбук.

Им порача на фудбалерите да покажат дека една мултиетничка репрезентација со право е дел од мултиетничка Европа.

-Покажете повторно дека и најмалите можат да бидат многу големи, кога веруваат во себе и во заедничкиот успех и кога гордо го носат националниот дрес. Бидете еден за сите, сите за еден и обојте ја Европа во црвено-жолто. Моето срце и срцата на сите македонски граѓани ќе ни бијат во ритамот на вашата игра. Нека е со среќа, напиша Заев.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +