Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени дилери од Скопје и Охрид, пронајден амфетамин

Денеска (12.06.2021) во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со наркотични дроги, од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија од слобода се лишени Т.Т.(32) од Скопје и А.Н.(30) од Охрид. При преглед извршен над нив, полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини.

За настанот е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК