Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ=6

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +