Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Танчарки од Албанија, Косово и Украина забавувале гости во угостителски објект во Боговиње

Танчарки од Македонија, Албанија, Косово и Украина забавувале гости во угостителски објект во Боговиње.

Според информациите на МВР, синоќа полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, општина Боговиње, сопственост на А.А.(30) од село Боговиње.

При контролата, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите (14 странски државјанки и четири македонски државјанки).

За 11 странски државјанки, осум од Албанија, две од Косово и една од Украина, било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во СВР Тетово бил извршен разговор со сопственикот и ќе следува соодветна пријава. Од ДПИ, исто така, ќе бидат преземени мерки по член 206 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК