Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ги кочи реформите во образованието

ВМРО-ДПМНЕ ниту во Собранието ниту надвор од него, не се откажува од блокадата на реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес, вели пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ со недели како што вели, ја манипулира и лаже јавноста дека ќе се укинуваат предмети, дека учениците ќе останат без учебници, со цел да блокира реформи кои се во интерес на образованието, наставниците и учениците.

„Вчера, повторно се случи фијаско на протестите каде освен активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ немаше други граѓани, што покажува дека јавноста не дава поддршка на деструктивните политики на партијата предводена од Христијан Мицкоски. Новото фијаско на вчерашните протести потврди дека на ВМРО-ДПМНЕ не му се важни учениците, не му е важно образованието, туку важно им е само да ги кочат реформите во образованието. Во таа насока се и најавите за организирање референдум за кои и самите ВМРО-ДПМНЕ знаат дека нема да биде успешен“, потенцира Лазаревска.

Пратеничката од СДСМ смета дека наместо конструктивност, наместо дебата и аргументи, ВМРО-ДПМНЕ преку блокади и деструкции се обидува да закочи се што е во интерес на државата и граѓаните.

„Граѓаните не сакаат ретроградни партии што влечат назад и затоа ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски уште долго ќе биде во опозиција“, истакна Лазаревска.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК