Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазен пешак во Тетово

Во тетовската полиција во утринските часови на 14 мај било пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, автомобил марка „рено клио“ удрил во пешакот Ј.К. (73).

Како што информираат од МВР, автомобилот бил управуван од В.А. (35) од Тетово.

Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршила екипа од тетовската полиција.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК