Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи на брифинг со министрите за надворешни работи на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со својот хомолог од Албанија, министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, денес, под покровителство на министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Никос Дендиас и Богдан Ауреску ќе одржат видео брифинг со своите колеги, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, информираат од кабинетот на Османи.

Целта на состанокот е да се рефлектира стратешката дискусија за Западен Балкан, одржана на 10 мај во Брисел и да се реафирмира ангажманот и заложбата на земјите членки кон европската перспектива на земјите од регионот, во пресрет на состаноците на Советот за општи работи во јуни.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат досиејата на Северна Македонија и Албанија и нивните оправдани очекувања, Советот во јуни да ги операционализира одлуките за почеток на пристапните преговори, преку усвојување на преговарачките рамки и одржување на првите меѓувладини конференции, стои во писменото соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата апсеше лица за огревни дрвја без жиг

ДЕСК

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, соопшти СДСМ

ДЕСК

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

ДЕСК