Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е без почеток на преговори, политиката на Заев доживеа дебакл

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Македонија е без почеток на преговорите со ЕУ. Од таму велат дека политиката на Заев доживеала дебакл.

„Заев ветуваше почеток на преговорите со ЕУ, две години тие само што не почнале, а лажеше дека и поглавја се отвораат. Политиката на Заев е една огромна лага и погазување на државата. Заев го погази идентитетот. Тој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се едно исто, дека имаат заедничка историја и дека македонската историја почнува по 1945 година. Сѐ што можеше да се осквернави, Заев го осквернави. Сакаше и тргуваше со јазикот, идентитетот и историјата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Позициите на Македонија се темелно нарушени, додаваат од опозициската партија и, според нив, за таквата ситуација виновен е лично Заев.

„Понижувањето на државата е плод на политиката на свиткан грб на Зоран Заев. Попусти се сега сите обиди да се вади од калта. Наместо тоа, потребна е оставка веднаш. Сите политики на Заев се поразени“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК