Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерството за култура: Правиме напори да им ги исплатиме парите на сите што реализирале проекти во 2020 година

Владата го задолжи Министерството за култура да не ги исплаќа финансиските средства на други корисници без да ја утврди законската основаност.

Министерството прави напори да ги исплати парите на корисниците кои ги реализирале проектите за 2020 година, од програмите за музичка и сценско-уметничка дејност, како и за фолклорна, сценско-уметничко дејност и мултидисциплинарни дејности.

„Свесни сме од Министерството дека ваквото пролонгирање предизвикува последици кај корисниците.

Министерството за култура сè уште го чека исходот од истрагата која финансиската полиција ја спроведува за поддршката на избраните проекти од Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес за културата за 2020 година“, се наведува во соопштението.

Од Министерството за култура порачуваат дека во овој период ги преземаат сите неопходни чекори за надминување на настанатата состојба и на Владата ќе и достават предлог за разрешување на ваквата, како што велат, несакана ситуација.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК