Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

122 сообраќајни прекршоци во Скопје

122 казни биле изречени на територијата на град Скопје, меѓу нив за возење над дозволената брзина казнети биле 51 возач, осум добиле казни за возење без возачка дозвола, три лица биле казнети поради тоа што во јавниот превоз имале технички неисправни возила.

Според МВР, изречени биле пет санкции за некористење сигурносен појас, четири за прекршоци што ги направиле возачи на мотоцикли, 28 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК