Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Утре сончево време со температура до 27 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Во вторник попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, а во среда попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Како знае ВМРО-ОКГ што ќе каже Груби, ако сè не е договорено?

C +

СДСМ: Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК