Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Санкции за 282 возачи на мотоцикли на територијата на целата држава

Во текот на вчерашниот ден била спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 282 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.

Од вкупно 282 казнети возачи, 169 не користеле заштитна кацига за време на возењето, 51 лице возеле без возачка дозвола, 17 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а имало санкции и за други прекршоци, велат од МВР.

Oд таму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК