Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во возило „сканија“ откриени мигранти од Либија

Вчера, во 14 часот, во Полициската станица за граничен премин Богородица било пријавено дека на царинскиот терминал биле откриени илегални мигранти во товарно моторно возило „сканија“, со гевгелиски регистарски ознаки, натоварено и пломбирано, а управувано од Р .Ш. (29) од Богданци.

По преземените мерки, во приколката биле откриени пет лица мигранти од Либија и било констатирано дека церадата била пресечена.

Според информации од МВР, по извршениот разговор со возачот и мигрантите, на возачот со возилото му бил дозволен влез во државата, а мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар – Гевгелија за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК