Centar.mk
ЛОКАЛНО

Поради дефект, неколку улици во Центар ќе останат без вода

Поради отстранување на дефект корисниците од неколку улици во Центар ќе останат без вода, извести ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Како разултат на планирани работни активности за отстранување на дефект на затворачи од Ф-300 мм на бул. Св.Кирил и Методиј (до мисијата на ЕУ) во населба Центар, на ден 09.05.2021 год.(недела) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на следните улици: дел од ул.Мајка Тереза, дел од ул. Шарски Одреди, дел од бул. Св.Кирил и Методиј, дел од ул.Даме Груев, дел од ул.Димитрија Чуповски и дел од бул. Св.Климент Охридски“, се наведува во известувањето.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК