21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Facebook
БИЗНИС

Деспотовски: Технолошко развојните зони учествуваат со 47 проценти во вкупниот извоз

„Економијата во технолошко развојните зони учествува со 47 процените во вкупниот извоз на државата и 6 до 8 проценти од вкупниот БДП на државата. Оваа статистика, која досега не е водена, ни помага да ги следиме движењата и врз основа на тоа да креираме соодветни мерки и политики“ изјави Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ.

Тој додаде дека од овие податоци може да се заклучи дека позитивниот тренд на активности во зоните продолжува и понатаму.

Деспотовски објасни дека имаме одлична покриеност на увозот со извоз и дека, како држава, сме во нето плус.

„Апсолутно веќе отвараме врати за вклучување на домашни инвеститори. Затоа во изминативе месеци не зборуваме веќе странски или домашни, туку за инвестиции. Квалитетни инвестиции, кои што ќе донесат повеќе пари во буџетот. Веќе еднакво се фокусираме и на компаниите кои што се од домашната економија. Овој модел кој веќе го имаме и развиваме да го понудиме и на средните и големите компании во државата“ изјави Деспотовски.

Тој кажа дека за жал не се доволно искористени индустриските зони кои веќе постојат и дека нивна намера во наредниот период поинтензивно и динамично да се презентира овој концепт.

Спонзорирано: