25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Серија тепачки за првомајските и велигденски празници низ Македонија

Полицијата во својот дневен билтен известува за серија тепачки кои што се случиле изминатите 24 часа низ Македонија.

На 02.05.2021 во 00,30 часот В.С.(23) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат со тврд предмет од Е.Н. и уште две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 16,20 часот С.И.(40) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот син бил физички нападнат од Е.Е. и уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 18,50 часот Ф.А.(34) од с.Старо Балдовци пријавил дека истиот ден околу 15,00 часот, во с.Старо Балдовци бил физички нападнат од А.Н, М.Н, Т.Н. и уште неколку други лица со тврди предмети. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 16,00 часот О.А.(21) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 21,15 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.“Мајор Чеде Филиповски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу шест лица од кои пет малолетници, сите од Гостивар и гостиварско каде бил употребен и тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 18,20 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром С.Н.(24) и Љ.Д.(25) физички го нападнале М.Г.(36) од Скопје. По пристигнување на полициски службеници на местото на настанот С.Н. се однесувал агресивно кон нив, по што бил приведен во Полициската станица Аеродром. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.