25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Граѓаните со децении се плашеа да пријавуваат корупција

Граѓаните со години и децении не веруваа дека доколку пријават корупција ќе има некаков резултат, дури и се плашеа да пријавуваат. Сега ние ги охрабруваме да го прават тоа и ќе овозможиме ситеми за пријавување, изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

„Изработуваме систем за следење на предмети во сите институции, секаде каде што граѓаните или фирмите поднеле барање, треба да добијат одредено право или услуга, а тоа не им се дава во рок или има сомнежи дека се чуваат предмети во фиоки. Ќе го имплементираме и обзнаниме тој систем за следење на предмети, но треба да ги охрабриме граѓаните. Затоа бараме во секоја институција да има лице заштитено за пријавување на корупција. Затоа ќе имаме ваков систем за слдење на предмети и централизирано пријавување на корупцијата. Затоа правиме се и ќе правиме и во периодот што следи, преку имплементацијата на планот за борба против корупцијата. Но она што клучно е да ги мотивираме граѓаните да се отворат, да пријавуваат корупција, а ние недовсмислелно и неселективно да делуваме“ рече Николовски.
Тој појасни дека неговиот кабинет не е нова институција која работи паралелно со ситемот, туку ги само ги координираат институциите во системските мерки и политики кои што досега никој немал храброст да ги имплементира.