Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шумската полиција доби нови летни и зимски униформи

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водосопанство (МЗШВ), Арјанит Хоџа, и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, денеска, на заедничката прес-конференција, известија за набавка на нови униформи за потребите на Шумската полиција.

Како што информираат од надлежното министерство, службените лица во Шумската полиција, по 12 години, добиваат нови униформи.

Секој шумски полицаец ќе добие по два сета зимска и два сета летна униформа.

Вредноста на набавката изнесува околу 10 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на МЗШВ.

„Денеска е Меѓународен ден за здравје и безбедност при работа. Мене ми е драго што токму на овој ден ја промовираме новата униформа, која е изработена во согласност со стандардите на Европската Унија, како и меѓународните прописи во однос на дизајнот и производството, а особено во однос на безбедноста и здравјето нa вработените“, изјави министерот Хоџа.

На прес-конференцијата исто така беше посочено дека процесот за опремување на Шумската полиција со нови обувки и униформи почнал многу пред денешниот ден како една од целите на поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК