Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Стојаноска: Граѓаните најдобро знаат кој доби, а кој изгуби поради случувањата од 27 април

И по 4 години, не е расчистен случајот и неправедно осудени граѓани лежат со големи казни во македонските затвори, изјави Дафина Стојаноска, пратнеик на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сведоци сме дека веќе постои пракса на повторување на судски постапки врз база на изјави, затоа посакуваме и повикуваме на расчистување и на овој случај, односно да се добие можност за повторно и овој пат се надеваме на правично судење. И еден изминат час или ден поминат во затворска келија на неправедно осудени луѓе им е како година“, рече Стојаноска.

Таа нагласи дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата секогаш осудувале и ќе осудуваат секаков вид насилство, па повикуваат вакви настани никогаш повеќе да не се случат и повторат. Тие исто така повикуваат во Македонија, конечно, да почнат да владеат правото и правдата.

Граѓаните најдобро знаат и следат кој доби, а кој изгуби поради случувањата од 27 април, порача Стојаноска.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК