Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за двајца охриѓани поради злоупотреба на службената положба и овластувања

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Р.Џ.(50) од Охрид, вработен во шпедиција, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување на исправа и употреба на исправа со невистинита содржина и против М.М.(44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и употреба на исправа со невистинита содржина.

Според информации од полицијата, лицето Р.Џ. изработило две различни царински декларации за исто патничко возило и ги употребило во постапка за идентификација во Бирото за метрологија – Скопје.

По извршениот технички преглед од страна на ЦВО Охрид, каде потписник е М.М., во ОУР Кичево била издадена сообраќајна дозвола за возилото.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

ДЕСК

” Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година”- објави на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

ДЕСК

Дебакл на економијата на Мицкоски, граѓаните осиромашуваат – мерки нема

ДЕСК