Centar.mk
БИЗНИС

„Тесла“ отвора фабрика во близина на Берлин

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ објави дека новата фабрика во близина на Берлин ќе вработи 12 илјади работници кога ќе работи со полн капацитет.

„Во теоретската идна завршна фаза на проширување, која засега е хипотетичка, фабриката може да вработи до 40 илјади работници со максимален капацитет“, се наведува во соопштението на американската компанија.

Производството во фабриката треба да започне во јули и ќе произведува 500.000 возила годишно.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, има намера да ја изгради најголемата фабрика за батерии во светот на таа локација, со што дополнително ќе се зголеми износот на инвестиции, што според гласините во индустриските кругови достигнува една милијарда евра.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗИ СИЛНО ЗАКРЕПНАА – Nasdaq порасна за 6,51 проценти

ДЕСК

НАФТАТА ЈА ПОЧНА НЕДЕЛАТА СО НОВ ПАД – Brent под 90 долари за барел

ДЕСК

ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ ОСТАНУВА – Мицкоски не исклучува нов хибриден модел

ДЕСК