Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Прилеп – Познати деталите за смртта на едно лице

На 23.04.2021 во 15.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“, патничко возило „мицубуши колт“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(60) од Прилеп, удрило во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш. од Прилеп.

Во незгодата кај двете возила била причинета материјална штета, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана природна смрт кај возачот П.Н., кој според пријавеното имал здравствени проблеми.

Увид на местото извршиле екипа од ОВР Прилеп и Јавен обвинител и, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК