Пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска истакна дека Владата предводена од СДСМ и ресорното Министерство за труд и социјална политика постојано вложуваат во детската заштита и во нови објекти на детски градинки.
„За помалку од осум месеци, од септември 2020 година па до денеска, низ државата отворени се 11 детски градинки. Куманово, Гостивар, Ресен, Гевгелија, Сарај, Брвеница, Илинден, Боговиње, Лозово, Новаци и Босилово се општините кои во овој период добија нови детски градинки, а вкупниот капацитет на овие нови објекти е 670 деца“, истакна Тасевска.
Според неа, до крајот на годината треба да бидат адаптирани, доградени или целосно изградени уште 13 детски градинки со вкупен опфат на 1.408 дечиња.
„Струмица, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кочани, Неготино се дел од општините кои до крајот на оваа година ќе добијат нови детски градинки. Унапредување на детската заштита, унапредување на условите во градинките и инвестициите во човечкиот капитал се врвните приоритети од кои се води СДСМ“, потенцира пратеничката од оваа партија.