25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Груевски повикаа на протест во недела против високите пресуди за организаторите и напаѓачите врз македонскиот парламент од крвавиот 27 ми април

Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук.

„Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест! Недела, 11:00 часот пред Влада“, напиша Мицкоски.

За протестот во недела, кој е закажан среде коронавирус пандемија, кога е забрането групирање, повика и Груевски.

Протестот на 25 април со кој се бара ослободување или пат до брзо ослободување на затворените лица заради учеството во настаните на 27 април 2017 година, како и на припадниците на МВР е оправдан, пишува на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

„Нивните пресуди се неправедни. Осудени се со сурова конструкција на лажна квалификација за тероризам со цел не само да бидат затворени, туку тоа да трае по 10, 15 и повеќе години. На тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжија седницата токму во време кога насобраната толпа народ кој претходни 60 дена мирно протестираше беше пред парламентот, сосема свесни дека ќе испровоцираат реакција на народот насобран да го заштити Уставот. Очигледно беа поучени дека еден инцидент добро би им дошол за потоа вината и кај домашната и кај меѓународната јавност да падне врз организаторите на мирните протести, учесниците во тие мирни протести, но и врз ВМРО-ДПМНЕ со што би добиле ветер во грб за понатамошна безмилосна пресметка и политички прогон како кон организаторите и учесниците на дотогаш мирните протести така и кон водството на ВМРО-ДПМНЕ. А зошто? За да има со што да се занимава народот додека тие се занимаваат со криминал, рекет и изнудување пари, присвојување на државните ресурси и комотно криминално владеење“, пишува Груевски.

Тој додава дека тоа е за да го држат народот во страв кој гледајќи како со леснотија се апси, притвора и се делат казни по 10-15 години затвор на видни лица и авторитети во државата, да не помисли да се спротистави на она што пред неговите очи се случува: масовен грабеж низ различни форми, неработење и неспособност и распродажба на националните интереси на државата, нејзиното име, идентитетот и историјата на македонскиот народ.