Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси државен инспектор – примил поткуп од 200 евра

Приведен е инспектор од Државниот инспекторат за животна средина под сомнение дека примил поткуп, објавуваат дел од медиумите.

Според пишувањата на медиумите, тој е осомничен дека примил поткуп за да не изврши контрола на плац за продажба на делови од хаварисани возила. Наводно поткупот бил во висина од 200 евра.

Парите претходно биле обработени од полицијата.

Од инспекторатотвелат дека апсењето е доказ дека се решени да се пресметаат со корупцијата и да ја вратат довербата во институциите.

-Нема да дозволиме злоупотреби на службената положба. Одлучни сме да застанеме на патот на корупцијата која е составен дел на криминалот во животната средина, се вели во соопштението.

Од Државниот инспекторат за животна средина посочуваат дека го осудуваат секој обид на инспекторите да остварат материјална корист од прикривање законски прекршувања на загадувачите.

Можеби ќе ве интересира

Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот, ќе ја одбраниме демократијата! – порачаа од СДСМ

ДЕСК

Визија на националната стратегија за образование – обезбедување квалитетно и инклузивно образование, достапно за сите

ДЕСК

Украден автомобил среде Битола

ДЕСК