Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира пред Министерството за здравство

ВМРО-ДПМНЕ, утре, во 11.30 часот, ќе протестира пред Министерството за здравство. Од партијата најавија дека на протестот ќе побараат оставка на министерот Венко Филипче.

„Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона. Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Денес овие луѓе што умираат немаше да починат доколку Заев и Филипче не возеа мотори, туку обезбедеа вакцини“, се вели во најавата за протестот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако власта го подготвела здравствениот систем по појавата на коронавирусот, ситуацијата ќе била поинаква.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК