“Сите фази кои што ги најавивме пред донесување на концепцијата за образование ги гледаме како веќе се реализираат во пракса. Сега сме април, програмата за прво одделение е донесена, за неколку дена ќе ја имаме програмата за четврто одделение, веќе се објавени конкурсите за пишување на учебниците и за илустратори за цртање. Осовременувањето ќе оди многу интензивно и затоа Светска банка одлучува да ја поддржи нашата држава во креирање на современо основно образование како база за развој на човечкиот потенцијал.“- изјави министерката за образование, Мила Царовска, во интервјуто на Сител.
Дополни дека образовниот процес тече непречено и дека државата покажала капацитет дека може да го организира во услови на пандемија.
„Најзначајно е тоа што со секој чекор се трудиме да постигнеме еднакво образование за секое дете и тоа го гледаме навистина интензивно да го сработиме во овој мандат. Важно е дека во моментов имаат сите еднаков пристап до образование што тече во континуитет, дали е ТВ, дали се принтани матријали … Учебната годината во ниту еден момент не застана и ги држевме сите во кондиција образованието да тече.“- рече Царовска.