11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Американската амбасада со поддршка за работењето на Спасовски: Одличната соработка продолжува

Денеска (16.04.2021) министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз, на која се разговараше за последните акции на МВР и тековната техничка помош на САД за поддршка на Министерството. Министерот Спасовски се заблагодари за техничката поддршка што МВР ја добива од амбасадата на САД, што многу придонесува за успешни резултати во работата на полицијата. Амбасадорката Брнз го истакна значењето на неодамнешните акции во борбата со криминалот.

Двајцата соговорници разговараа за техничката помош која Амбасадата на САД во Скопје континуирано ја дава на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите на полицијата преку програмите ИЦИТАП и АТА. Во изминатите три децении, МВР и Амбасадата на САД соработуваа со цел да се постигнат заедничките цели во спроведувањето на законот и владеењето на правото, вклучително и обезбедување техничка и форензичка поддршка за конкретни случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на МВР. Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и можност за истраги и гонење на корупција, тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал.

Министерот Спасовски и амбасадорката Брнз ја потенцираа одличната соработка, која и во иднина ќе продолжи со засилен интензитет, во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +