Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Мицкоски работи против државата, наместо да пријави кај органите, тој детали од акцијата сподели со јавноста

„Секој одговорен граѓанин на оваа држава, посебно политичар, ако добие каква било информација за некакви нелегални дејствија, ако има за тоа некакви сознанија, треба да ги сподели најпрвин со обвинителството. Меѓутоа, знаејќи дека има таква истрага, овие податоци се споделуваат во јавноста, во еден момент кога се знае дека ќе имаме реализација на истрагата. Тоа не може на никаков друг начин да се нарече освен обид на саботирање на истрагата, а од кои причини мислам дека ќе се покаже во наредниот период, за тоа треба обвинителството да реагира, треба да се утврдат овие факти.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Алџезира, коментирајќи го однесувањето на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, кои со објавата на детали од акцијата „Двојник“ направија грешка.

„Политиката е една работа, меѓутоа да работите директно против интересите на државата, да се рушат истрагите, е нешто што апсолутно не е дозволено.“- дополни Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК