Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен охриѓанец, опожарил две патнички возила

Денеска во раните утрински часови, околу 3:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Т.(33) од селото Мешеишта, општина Дебарца, поради сомнение дека околу 00:05 часот во селото Мешеишта предизвикал пожар во две патнички моторни возила, информират од Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека опожарени биле возила марка „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од селото Лешани, општина Дебарца и „санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од селото Требеништа, општина Дебарца, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид.

Пожарот бил изгаснат од територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема, велат од МВР.

Известуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК