Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Струмичката полиција растури домашна забава во 4 часот по полноќ

Рано утрово околу 03.40 часот по полноќ, по претходна пријава, полициски службеници, со овластување од јавен обвинител, извршиле контрола во стан на струмичкиот булевар „Ленинова“, при што утврдиле недозволено групирање.

Како што информираат од МВР, 22-годишниот струмичанец Д.А. во својот стан организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК