Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поддршка од Хрватска за почеток на преговорите со ЕУ

По посетите на Германија и Словенија, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска во Хрватска оствари средба со премиерот Андреј Пленковиќ и со министерот за надворешни работи, Гордан Грлиќ-Радман, на која се разговараше за очекувањата и шансите за придвижување на пристапниот процес за Северна Македонија, како и за домашните реформи и билатералната соработка.

„Токму овде, во Загреб, пред две декади ја парафиравме Спогодбата за стабилизација и асоцијација со која почна нашиот евроинтегративен пат. Пријателска Хрватска била и останува еден од нашите најголеми поддржувачи во процесот на пристапување, а нивните заложби и посветеност се потврдија и за време на претседателството со Унијата кога во март 2020 година го добивме зеленото светло за почеток на преговорите. Со премиерот Пленковиќ заеднички констатиравме дека е потребно што е можно побрзо да се постигне консензус за преговарачката рамка и да се одржи првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија. Крајно време е оваа одлука да стане реалност“, изјави Димитров.

Соговорниците се осврнаа и на тековната билатерална соработка, која вклучува и конкретна поддршка за јакнење на националните административни капацитети за усогласување на законодавството со правото на ЕУ, како и споделување на хрватските искуства за унапредување на координативните механизми и преговарачката структура.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК