25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска: Не може државјанствата да се користат за уцени и да се блокираат економските мерки кои носат пари кај граѓаните

„Прво, како држава, треба да направиме разлика дали апликантите за македонско државјанство се лица без никакво државјанство, или тоа се лица со странско државјанство, а сакаат и македонско. Значи прво мораме да направиме таква разлика. За да ги стекне правата како државјанин прво мора да ги исполни условите за добивање државјанство. Има и многу стари случаи кои се одамна отворени и ние како пратеници сме должни да најдеме решение. Никој нема да се сложи дека државјанство се стекнува со изјава на тројца сведоци, како што се предлага. Затоа не може да се уценува, и во име на државјанствата да се блокираат законите кои треба да им донесат пари на граѓаните за надминување на кризата, мислам на законите со сетот економски мерки кои треба барем малку да го подобрат животот на сите нас.“- коментираше пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во врска со предлог законските измени на АА и Алтернатива и обидите на пратениците да најдат соодветно решение за овие граѓани.