Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на Џафери со началникот на НАТО за врски, полковник Јанкович

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го прими во проштална посета началникот на Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, полковник Зоран Јанкович.

Претседателот Џафери му се заблагодарил за ангажманот во оваа Канцеларија.

Полковник Јанкович истакнал дека заслугите за реализација на оваа значајна придобивка за државата се на сите досегашни влади, парламенти и претседатели, но улогата на Собранието е круцијална во рафинирањето на политичкиот дијалог и консензус за членство во најмоќниот и најдолговечен воено-политички сојуз на глобално ниво.

Соговорниците размениле мислења за идните активности во НАТО, кои ќе бидат фокусирани на перманентна трансформација и модернизација, како и градење стабилни одбранбени системи.

„Сојузништвото со сите земји членки на НАТО заедно, но и врз одвоени билатерални основи, претставува натамошен предизвик за земјата кон постигнувањето на основната цел на алијансата – заштитник на глобалниот мир и безбедност“, констатирале соговорниците на средбата.

Со одбележувањето една година од полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО престанува да функционира Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје бидејќи од консумент државата стана рамноправен контрибутор во сите активности на НАТО како на политички така и на воен план, информираат од кабинетот на Џафери.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК