Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски на средба со в.д. директорот на Агенцијата за енергетика

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими в.д. директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, Дарио Николовски.

На средбата Николовски го информира претседателот Пендаровски за тековните активности и работата на Агенцијата во однос на реализацијата на стратешките планови, како и за развој на потенцијалите за користење обновливи извори на енергија, а во функција на заштита на животната средина, објаснуваат од кабинетот на претседателот.

На средбата се разговарало за можностите за организирање обуки и едукација на младите за теми поврзани со енергетската ефикасност и значењето на заштитата на животната средина во „Млади хаб“ – канцеларијата на претседателот.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +