12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тетовец со автомобил удрил во двајца пешаци кај Непроштено

Две лица се тешко повредени откако во нив удрил автомобил на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Непроштено.

Несреќата се случила синоќа, по што повредените итно биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде им се констатирани тешки телесни повреди.

„ Ф.М.(30) од с.Глоѓи, тетовско, со автомобил „бмв“ удрил во малолетен пешак и М.А.(42), двете од с.Непроштено. По незгодата, пешаците се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде им се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово“ наведува МВР.