Centar.mk
БИЗНИС

„Тесла“ инвестираше речиси шест милијарди евра во фабрика близу Берлин

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ инвестираше околу 5,8 милијарди евра во првата фабрика во Европа, недалеку од Берлин, објави германската телевизија ЗДФ.

Американскиот производител не ја соопшти висината на инвестицијата, но портпаролката на Министерството за економија на германската сојузна држава Бранденбург, каде што се гради фабриката, потврди дека вредноста на инвестицијата што ја објави ЗДФ во вторникот е точна.

Производството се очекува да започне во фабрика во близина на Берлин во јуни и треба да произведува до 500.000 возила годишно.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, исто така, планира да започне масовно производство на батериски ќелии во околината на германскиот главен град.

Фабриката треба да произведе нов вид батерии кои ќе имаат шест пати повеќе енергија, ќе зафаќаат помалку простор и ќе трошат помалку енергија, велат извори од индустријата.

Можеби ќе ве интересира

Отворен Саемот на мебел 2026 – „Инспирација за секој ден“ во „Борис Трајковски“

ДЕСК

Оваа недела ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

ДЕСК