26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Хоџа: Се отвораат пунктовите за откуп на вишок тутун, ниеден килограм нема да остане неоткупен

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, изврши увид во отворањето на пунктовите во прилепскиот регион, кои треба да го превземат произведениот вишок на тутун.

Согласно измената на Законот за тутун, рокот за откуп беше пролонгиран до крајот на март, со што се овозможи доволно време за да се откупи произведениот вишок. Со директорот на Тутнски комбинат Прилеп, Кире Станкоски договорено е најголемиот дел од произведениот вишок на тутун, да го откупи Тутнски комбинат, без при тоа да се наруши нивниот позитивен финансиски биланс, информира министерството за змејоделство.

„Се обидуваме да изнајдеме најдобро можно решение, без при тоа да го нарушиме добриот финансиски резултат на Тутунски комбинат. Ние денеска се договоривме со директорот на Тутунски комбинат, но во комункација и со останатите откупни компании, да ги отворат пунктовите на одредени места, каде што е пријавено дека има вишок. Врз основа на тоа, се очекува дека до крајот на следната недела ќе заврши откупот на вишокот на тутун. За деталите и динамиката на откупот, откупните компании самите ќе одлучат, врз основа на доставените податоци од МЗШВ и Сојузот на тутунопроизводители. Очекуваме дека ќе се изнајде решение и нема да остане неоткупен ниту еден килограм тутун од произведениот вишок“, изјави министерот Хоџа.

За време на посетата, министерот Хоџа присуствуваше на отворањето на откупниот пункт на Тутунски комбинат во Црнилиште. Таму денеска непречено се одвива откупот на вишокот, а тутунарите го предаваат вишокот на тутун.

Согласно договореното се очекува во наредните денови и другите откупни компании да ги отворат своите пунктови на повеќе локации во државата и да го откупот вишокот, со цел откуп на целокупниот вишок на тутун од реколтата 2020.