14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Со Филипче Македонија не е на листите на држави со број на вакцини

Од oпозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека „Македонија ја нема на листите на кои се гледа која држава колку вакцини има, според нив државата ја има само во фуснота дека и дале донација“.

„Два милиони вакцини за Македонија се видливи само за Заев и Филипче, ама не и за граѓаните. Филипче лаже, Заев лаже, веќе тоа на сите им е јасно“, додаваат од оваа партија.

Прават споредба со другите земји за кои велат дека „имаат конкретни бројки на вакцини“.

„Македонија ја има само на листите на починати од корона и тоа котира високо. Во Македонија нема вакцини, ама ги има сите соеви на корона вирус“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ваквата ситуација е недозволива и за тоа како што велат некој За мора да одговара.

Можеби ќе ве интересира

Алиу во Тетово: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово – ќе се градат две нови градби и ќе се реновираат три постојни објекти

ДЕСК

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК