Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Трубарево уапсени разбојници додека со автомобил пренесувале украдени предмети

Во скопското село Трубарево, во вечерните часови на 28 февруари, полицајци сопреле автомобил „шкода“ со скопска регистрација, во кој биле пронајдени предмети од претходно извршена тешка кражба.

Како што информираат од МВР, „шкодата“ била управувана од Д.К.(31) од Куманово, а совозач бил А.Ј.(33) од Скопје. Двајцата веднаш биле уапсени поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

Заедно со предметите тие биле предадени во полициската станица во Гази Баба и во извршениот разговор изјавиле дека кражбата ја извршиле истиот ден од вагон на железничката станица во Трубарево.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +