Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради загадениот воздух, во Битола на сила стапуваат препораките и краткорочните мерки

Прагот за алармирање поради штетни ПМ10 честички во воздухот е надминат на мерно место во Битола, поради што во градот стапуваат на сила владините краткорочни препораки и мерки во случај на надминат праг, информираат од Министерството за животна средина.

„Согласно со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух, во која е дефиниран прагот на алармирање (со надминување на вредноста на ПМ10 честички од 163 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мерното место во Битола – Битола 2“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека на мерното место се регистрирани среднодневни концентрации на PM10 честички од 163.32 mg/m3 на 18 февруари и 179.36 mg/m3 на 19 февруари.

Препораките и мерките кои ќе се спроведуваат во однос на загадениот воздух, Владата ги усвои на седница на 28 ноември 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +