Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

Затворен угостителски објект во Тетово истиот работел по дозволеното работно време, информираат од министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект на ул „ЈНА“ во Тетово, сопственост на Ф.Ц.(33)години.

При контролата во објектот биле затекнати пет лица – гости и сопственикот.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф.Ц. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Од МВР известуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК